понеделник, 19 јануари 2026

Ѓоковиќ дојде до 100. победа на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ победнички го почна настапот на Австралија опен откако во три сета го совлада шпанскиот тенисер Педро Мартинез.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ е најтрофеен тенисер на Австралија опен со десет трофеи од овој грен-слем турнир, а сега дојде и до јубилејната 100. победа во Мелбурн.

Што се однесува до мечот, Ѓоковиќ немаше никакви проблеми, за два часа со 6-3, 6-2 и 6-2 го совлада Мартинез и се пласираше во следното коло.

Во второто коло, Ѓоковиќ ќе се сретне со квалификантот Маестрели од Италија кој направи мало изненадување и го совлада Атман од Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ