понеделник, 28 јули 2025
Напаѓачот по секоја цека сака да го напушти Спортинг и да се пресели во Лондон

Ѓокереш ја остави девојката, па се откажа и од 2 милиони евра само за да потпише со Арсенал

Виктор Ѓокереш очигледно по секоја цена сака да се пресели во редовите на Арсенал, напаѓачот ја прекинал врската со португалската актерка Инес Агиар, па се откажа и од 2 милиони евра со цел да изнуди трансфер во Северен Лондон.

Објавено на

часот

Сподели

Виктор Ѓокереш реши ова лето да го напушти Спортинг, интерес за неговите услуги пројавија неколку клубови но тој на сите им кажа НЕ и го одбра Арсенал.

Напаѓачот потоа ја прекина врската со португалската актерка Инес Агиар, а сега откако запнаа преговорите помеѓу Спортинг и „топчиите“, тој реши да жртвува 2 милиони евра, односно да се откаже од оваа сума во форма на плата со цел клубот од Северен Лондон да може да ја зголеми понуда.

Очигледно Швеѓанецот по секоја цена сака да направи трансфер во Арсенал и желбата ќе му се исполни, двата клуба ги пеглаат последните детали за зделка вредна околу 80 милиони евра.

ФОТО: X/Sporting CP

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ