петок, 30 јануари 2026

Гисласон: Се виде уморот на Хрватите, а ние можевме да победиме поубедливо

Ракометарите на Германија ја совладаа Хрватска (31-28) во полуфиналето на Европското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По победата задоволството не го криеше германскиот селектор Алфред Гисласон. Тој смета дека дури можеле да ги победат Хрватите поубедливо.

Сигурен сум дека можевме да победиме и со поглема разлика. На крајот сум многу горд на одиграното. Целокупната игра во последната линија би ја оценил како фантастична. Многу сум задоволен. Имаме кратко време за подготовка на финалето. Навистина сум среќен што се најдовме таму. Хрватска беше исклучително добра во првото полувреме, а потоа се почувствува нивниот замор. Искрено горд сум на моите играчи“, изјави Гисласон.

Германија ќе игра за трофејот на континенталниот собир, откако на претходниот шампионат заврши четврта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ