среда, 13 август 2025

Гираси со два гола ја однесе Борусија Дортмунд во четвртфинале (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја оправда улогата на фаворит, со 2-1 го победи мексиканскиот клуб Монтереј и се пласира во четвртфиналето од Светското клупско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот тим поведе рано, уште во 14. минута по асистенција од Адејеми, Гираси ја смести топката во мрежата на противникот за водство од 1-0.

Десет минути подоцна истите актери ја зголемија предноста на Дортмунд, Адејеми повторно ја имаше улогата на асистент, а Гираси погоди за 2-0.

Монтереј одлично го стартуваше второто полувреме, по само три минути во него Бертерам даде гол со глава, намали на 2-1 и го врати мексиканскиот тим во живот.

Но, до крајот на мечот немаше друг погодок, Борусија Дортмунд го сочува водството и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот каде ќе игра против Реал Мадрид.

Фото:X/BVB

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ