сабота, 31 јануари 2026

Гидсел и Кошта го израмнија гол-рекордот на Лазаров од ЕП 2012, Данецот дури и ќе го надмине

Првата ѕвезда на репрезентацијата на Данска, Матиас Гидсел блеска и на Европското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во полуфиналната победа над Исланд (31-28) Гидсел постигна седум погодоци. Тој е на делба на првото место на листата стрелци на Европското првенство, бидејќи заедно со Франциско Кошта имаат по 61 погодок. Со тоа, двајцата се израмнија со Кирил Лазаров кој на шампионатот во 2012 година го постави тогашниот рекорд.

  • Листа на најдобри стрелци на едно ЕП:

Сандер Сагосен – 65 (ЕП 2020)
Кирил Лазаров – 61 (ЕП 2012)
Матиас Гидсел – 61 (ЕП 2026)
Франциско Кошта – 61 (ЕП 2026)
Омар Инги Магнусон – 59 (ЕП 2022)

Гидсел има шанса да го надмине и апсолутниот рекорд на Сагосен, бидејќи утре ќе игра во финалето против Германија. За такво нешто потребни му се пет гола или четири за да го израмни рекордот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ