Волтемаде беше еден од најбараните напаѓачи на пазарот минатото лето, тој беше мета на Баерн Минхен, но баварците не ги дадоа парите кои ги бараше Штутгарт за својот фудбалер, па трансферот не се реализираше.
Њукасл откако го продаде Исак, не штедеше пари за негов наследник па даде 75 милиони евра, а сумата со бонуси може да изнесува и 90 милиони евра.
Германскиот напаѓач кој игра во одлична форма во Њукасл и ги оправдува сите очекувања, прозборе и за пропаднатиот трансфер во Баерн.
„Кога сфатив дека трансферот во Баерн Минхен нема да се реализира, си кажав: „Во ред, така требало да биде“. Сè во животот се случува со причина. Совршен пример за тоа сум јас, бидејќи сега сум пресреќен во Њукасл. Во спротивно, ова немаше ни да се случи. Навистина цврсто верувам дека сè се случува со причина“, изјави Волтемаде.






