понеделник, 19 јануари 2026

Германија ја победи Шпанија и ја испрати Србија дома, Франција слави во дербито со домаќинот

Ракометните репрезентации на Германија и Франција забележаа победи во завршните натпревари од своите групи и ќе пренесат по два бода во главната фаза на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Германците во групата А славеа против Шпанија со 34-32 и го презедоа врвот на табелата, па ќе пренесат и бодови во втората рунда. Со оваа победа елиминирани се Србите кои дури шампионатот ќе го завршат на последното место во својата група.

Многу голема победа забележа и Франција против домаќинот Норвешка (38-34) во Осло. „Триколорите“ го надиграа ривалот и максимални ја завршија групната фаза, па со два бода на контото одат понатаму.

Победа забележа и Шведска против аутсајдерот Грузија (29-38). Со овој триумф селекцијата на „трите круни“ закажа директна борба за првото место во последното коло со Хрватите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ