недела, 7 декември 2025

Германија е пресилна за Македонија, ракометарките загубија на стартот од квалификациите

Македонската женска ракометна репрезентација со убедлив пораз од Германија од 18-34 ги почна квалификациите за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометарки имаа катастрофален влез во натпреварот, дури во 16. минута го постигнавме првиот гол од игра кога Ризоска погоди. Во тие моменти Германија водеше со 7-2.

Во наредните минути успеавме да се консолидираме и да дојдеме до „минус два“, а се покажа дека тоа беа и нашите најдобри минути во натпреварот. Веќе до паузата, Германија го врати убедливото водство и водеше со 14-8.

Сигурната предност Германките ја одржуваа и во вторриот дел, за во финишот кога нашата селекција како предвреме да се откажа, Германија да ја наполни мрежата и ни нанесе пораз од 16 голови разлика, 18-34.

Најефикасна беше Емилијана Ризоска со осум гола, а четири постигна Ива Младеновска. Кај Германија по пет постигнаа Хауф и Лечтер.

За три дена Македонија ја очекува нов натпревар, првиот на домашен терен во овие квалификации во кој ќе ја пречекаме Словенија во Битола во терминот од 18:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ