Турција имаше фантастичен старт на мечот, поведе со 13-2, но Германците брзо го свртеа резултатот и ја добија првата четвртина со 24-22. Завршницата од првото полувреме им припадна на Турците, кои повторно во своја полза го однесоа натпреварот и на одморот заминаа со предност од 46-40.
Неизвесно беше и во третиот период, двете екипи се менуваа во водство, а Турција во последната четвртина влезе со предност од еден поен, 67-66. Турција повторно дојде до предност од шест поени разлика, но успеа пак да ја загуби. Во последните моменто од мечот имаа водство од 83-82, а до крајот не дадоа ниту еден пеон, за разлика од нив Германија даде шест и го доби мечот со 88-83.
Бонга со 20 поени беше најефикасен кај Германиците, Вагнер реализираше 18, а фантастичен беше и Шрудер кој имаше 16 поени, но беше најистакнат кога се решаваше натпреварот, тој запиша и 12 асистенции. Во составот на Турција, Шенгун постигна 28 поени, Осман 23.
Третото место го освои Грција, која претходно со 92-89 ја совлада Финска.






