недела, 14 декември 2025

Георгина нема да му земе половина од богатстово на Роналдо ако се разделат, но добро ќе се обезбеди

Иако многу долго беа заедно и имаа деца, Роналдо дури пред два дена ја побара Георгина за жена, наскоро нивната врска ќе стане и законски брак.

Објавено на

часот

Сподели

Се веруваше дека Роналдо не сака официјално да влезе во брак со Георгина затоа што во случај на разделба да загуби добар дел од богатството.

Како што и се претпоставуваше, потпишан е предбрачен договор во кој јасно има што би добила Георгина доколку се разведе од бракот.

Во случај на разделба, Георгина до крајот на животот ќе добива по 100.000 евра месечно од Роналдо, а ќе стане сопственичка и на вилата на Роналдо во Мадрид. Таа е 950 квадрати, Португалецот во 2010 година ја купи за пет милиони евра.

Иако изгледа многу, ова е само мал дел од богатството на Роналдо кој важи за „машина“ за правење пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ