понеделник, 9 февруари 2026

Георгиевски и Рељиќ освоија бронзи во Инсбрук

Македонските таквондисти Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ остварија важни успеси на Австрија Опен Г1 турнирот што се одржа викендов во Инсбрук.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата освоија бронзени медали и потврдија дека ја креваат формата. ељиќ ги победи Менди од Сенегал, Леонова од Украина и Хичема од Хрватска пред да загуби во полуфинале од Јулија Шпак со 0-2.

Георгиевски имаше сличен пат, ги победи Словенците, Трајковиќ и Дивковиќ, но потоа загуби со 0-2 од Аболфазл Абасипоуја.

Со ова продолжуваат серијата настапи на нашите таеквондисти кои ќе се обидат да изборат норма за Олимписките игри во Лос Анџелес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ