Стојановски го даде единствениот погодок на средбата во 34 минута, откако со глава соиграч му спушти топка на петерецот. Македонецот покажа одлични напаѓачки афинитети, па со убав волеј ја дочека топката и ја испрати во аголот од гостинскиот гол.
Оваа сезона Стојановски даде четири гола во дресот на Спартак Варна, клуб кој од клупата го води Ѓоко Хаџиевски.






