четврток, 9 април 2026

Газета: Модриќ има две опции за неговата иднина

Италијанскиот весник, „Газета дело Спорт“ пишува текст за иднината на Лука Модриќ која засега останува нејасна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тоа што има 40 години, Лука Модриќ игра импресивна сезона во дресот на Милан, па се поставува прашањето што понатаму.

„Газета“ претпоставува дека Милан ќе биде последниот клуб за Модриќ, но нејасно е дали ја игра последната сезона.

Се веруваше дека Модриќ би можел да ја заврши кариерата по настапот на Светското првенство.

Во договорот меѓу Милан и Модриќ има опција за продолжување на уште една сезона, росонерите сакаат да ја искористат таквата можност, но треба согласност и со Хрватот.

Италијанскиот весник потенцира дека опциите за Модриќ се две: Пензија по крајот на Мундијалот или продолжување на договорот со Милан уште една сезона.

Засега нема наговестување што ќе одбере Хрватот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ