сабота, 10 јануари 2026

Газели се засилуваат на позицијата техничар

Женскиот одбојкарски клуб Газели Волеј се засили со Марија Крстеска која настапува на позицијата техничар.

Објавено на

часот

Сподели

Газели Волеј денеска промовираа засилување за вториот дел од сезоната.

„Со пристигнувањето на Марија во нашиот клуб, добиваме искуство и посакувана стабилност на позицијата техничар. Во изминатите четири месеци Марија тренираше со нашиот колектив и покажа дека совршено ќе се вклопи во целокупниот професионален концепт кој го имаме предвидено за развојот на Газели. Ѝ посакуваме топло добредојде и многу успех во периодот што следи“, се вели во соопштението на Газели Волеј.

Во текот на својата спортска кариера, Марија има настапувано за 11 Октомври Прилеп, ОК Визура Белград (Република Србија), ЖОК Вардар жени, ОК ФитФан и ОК Ускана Кичево.

„Среќна сум што сум дел од екипата на ОК Газели, клуб во кој се работи организирано, одговорно и со јасна визија за напредок, што е клучен предуслов за успех.
ОК Газели е одлично организиран клуб со професионален однос од сите вклучени, каде што се внимава на секој детал. Обезбедени се квалитетни услови за тренинг, на ниво споредливо со ОК Визура Белград, клуб во кој стекнав значајно искуство.
Составот на екипата е внимателно избран, атмосферата е позитивна и работна, а подготовките се одвиваат со висок интензитет. Подготвени сме да се бориме за високи позиции и да ги оствариме поставените цели.
Со голема посветеност и енергија ќе давам максимум за успехот на клубот, а со континуирана работа верувам дека ќе си го заслужиме и факторот среќа. Благодарност и до нашите навивачи, чија поддршка ни значи многу. Убедена сум дека нè очекуваат многу убави моменти со ОК Газели во периодот што следи“, вели Марија Крстеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ