недела, 5 април 2026

Гатузо пак ја покажа својата човечка големина

Информациите од Италија велат дека Џенаро Гатузо решил да се откаже од својот дел од обештетувањето кое требало да го добие по отказот од италијанската репрезентација, тоа го направил со услов неговите колеги од стручниот штаб да бидат целосно исплатени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гатузо ја напушти селекторската позиција во петокот, беше постигнат заеднички договор со Италијанската фудбалска федерација за негово заминување.

Тој мина помалку од една година како селектор на Италија откако го замени Лучано Спалети во јуни 2025 година.

Соопштението за разделба на Гатузо пристигна дури три дена по поразот од БиХ, причината била преговори за обештетувањето за стручниот штаб.

Гатузо решил да се откаже од парите кои би ги земал како компензација поради отказот, со цел неговиот стручен штаб соодветно да биде искомпензиран.

Ова не е првпат Гатузо да се откаже од пари за доброто на другите, истото се случи и во Милан кога доби отказ, но не ја зема компензацијата која му следуваше.

Премногу се ретки тренерите кои се откажуваат од парите кои треба да ги добијат според договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ