Гатузо на четири меча ја водеше Италија, на сите постигнуваа по 3+ голови. Дадоа вкупно 16 погодоци на тие дуели. Иако редат победи, не можат да бидат прво место поради неверојатната гол разлика која ја има Норвешка од +26 голови.
Италија во последното коло ќе ја пречека Норвешка, може да победи и да се израмни бодовно со неа, но не може и да ја прескокне на табелата бидејќи Норвежаните имаат +26, а Италијанците +10 гол разлика.
Јасно е дека настапот на Мундијалот ќе го бараат преку баражите, а Гатузо по вчерашниот меч даде една интересна изјава.
„Ако не се пласираме на Светското првенство ќе се иселам и ќе живеам далеку од Италија, многу далеку“, рече Гатузо.






