понеделник, 8 декември 2025

Гарабаја: Потфрливме во нападот, затоа загубивме од Загреб

Пелистер вчера загуби на гостувањето кај Загреб кој е најслабиот тим во групата на битолчани во Лигата на шампионите, тоа беше пораз со четири гола разлика, 23-27.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пелистерци дадоа само 23 гола, па тренерот Рубен Гарабаја го истакна нападот како причина за поразот.

„Одигравме тежок натпревар. Добро влеговме во дуелот и можам да кажам дека во дефанзива изгледавме солидно. Но, за да победите во натпревар од Лигата на шампионите, мора да функционирате на двете страни од теренот. Против Загреб нашиот напад беше голем проблем. Тоа е сегмент на кој мора да работиме, да најдеме начини да бидеме поконцентрирани, потрпеливи и да го чуваме поседот“, истакна Гарабаја.

Пелистер моментално е седми на табелата со четири бода – два повеќе од последнопласираниот Загреб и два помалку од ГОГ, кој има натпревар помалку, како и од ПСЖ, кој вчера беше поразен од Барселона.

Следниот натпревар е во февруари против Висла Плоцк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ