петок, 5 декември 2025

Гарабаја поднесе оставка, Шундовски ќе го води Пелистер

Пелистер информира за тренерска промена, Рубен Гарабаја поднел оставка од функцијата, а на негово место клубот ќе продолжи да го води Звонко Шундовски.

Објавено на

часот

Сподели

„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник“, стои во соопштението на Пелистер.

Шпанскиот тренер ја образложи оставката и напомена дека смета дека тоа е најдобриот чекор во овој момент за клубот.

„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, изјави Гарабаја.

Веднаш по информацијата за оставката на Гарабаја, Пелистер соопшти дека до крајот на полусезоната тимот ќе го води Звонко Шундовски.

„По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.
Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно храбро и несебично ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер“, соопшти Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ