понеделник, 8 декември 2025

Гарабаја по поразот од ПСЖ: Мора да бидеме горди на овој тим

Пелистер синоќа херојски се бореше против ПСЖ, речиси во текот на целиот меч беше рамноправен, но домаќините во финишот со ветер во грб од судиите направија разлика и дојдоа до победа од 33-27.

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот на Пелистер, Рубен Гарабаја е задоволен од она што го виде од своите ракометари.

„Мора да бидеме горди на овој тим. Во соблекувалната видов лути и тажни лица. Овие момци веруваа во чудо. Овој меч е минато, сега мора да се насочиме кон следниот и да се бориме. Никогаш нема да ја губиме надежта на секој меч, тоа треба да биде нашата ДНК, секогаш да веруваме во нас. Го докажавме тоа и на овој меч“, рече Гарабаја.

Во недела Пелистер игра дерби со Алкалоид во Автокоманда, а следниот меч од Лигата на шампионите е на домашен терен на 24 септември против ГОГ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ