вторник, 10 март 2026

Галатасарај ја доби првата осминафинална битка со Ливерпул

Галатасарај со 1-0 го победи Ливерпул во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, англискиот тим вторпат оваа сезона загуби од истиот противник, на истиот стадион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овие два тима се сретнаа и во лигашкиот дел од сезоната во Лигата на шампионите, тогаш беше 1-0 за Галатасарај, а тој резултат е остварен и денеска.

Единствениот гол беше постигнат уште во седмата минута кога по еден корнер, топката дојде до Осимен кој со глава асистираше до Лемина, а тој погоди за водство од 1-0.

До крајот се играше динамично, со напади и шанси и на двете страни. Со помош на ВАР беа поништени по еден гол и за Галата и за Ливерпул.

Патникот во четвртфиналето ќе се решава во Ливерпул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ