понеделник, 9 јуни 2025

„Галактико“ договор за Ламин Јамал и плата каква што нема ниту еден тинејџер

Барселона вечерва соопшти дека Ламин Јамал ставил потпис на нов договор со кој се обврзал до јуни 2031 година, медиумите соработката ја опишуваат како „галактико“, младото момче ќе има плата од 15-20 милиони евра по сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Ламин Јамал е најмлад во составот на Барса, но стана најголема ѕвезда, па исклучително важно за каталонскиот клуб беше да го забетонираат неговиот потпис, што сега и се случи.

„Барселона и Ламин Јамал постигнаа согласност за обнова на неговиот договор според кој ќе биде врзан за клубот до 30 јуни 2031 година“, стои во соопштението на клубот.

Медиумите ја опишуваат новата соработка како „галактио“ и Ламин Јамал ќе добие плата каква што нема ниту еден тинејџер.

Тој во иднина ќе заработува околу 15 милиони евра по сезона, а со бонуси, сумата може да стигне и до 20 милиони евра.

Барселона и Ламин Јамал имаа согласност за автоматско продолжување на соработката кога тој ќе наполни 18 години (на 13. јули), и според тој договор, неговата плата требаше да биде околу 5 милиони евра по сезона.

Но откако фудбалерот сруши еден куп рекорди и се наметна како еден од главните играчи во тимот, мораше да биде направена нова корекција, а Жоан Лапорта и Деко решија за три пати да ја зголемат првично договорената бројка.

ФОТО: X/Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ