недела, 6 април 2025
Христо Стоичков и Горан Пандев ќе бидат главните ѕвезди

Фудбалските легенди на Македонија и Бугарија ќе играат хуманитарен меч за Кочани

Македонските и бугарските фудбалски легенди на 27 април од 16 часот ќе се сретнат во пријателски хуманитарен меч на стадионот Спартак во Варна, собраните средства ќе бидат донирана за настраданите од пожарот во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот е на иницијатива на фондацијата „Национали 94“ која ја водат фудбалските икони на Бугарија кои направија сензација на Светското првенство во САД 1994 година кога го освоија четвртото место.

Во бугарскиот состав ќе играат претежно легенди од таа генерација како што се Стоичков, Лечков, Костадинов, Сираков, Балаков, Јорданов….

А главната ѕвезда во македонската селекција треба да биде Горан Пандев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ