вторник, 6 мај 2025

Фудбалерот Радески нападнат по натпреварот Шкендија-Струга, две лица се приведени

Две лица се приведени откако фудбалерот Марјан Радески вчера физички беше нападнат во Тетово по крајот на натпреварот помеѓу Шкендија и Струга во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Марјан Радески синоќа донесе победа од 1-2 за Струга на гостувањето кај Шкендија во првиот натпревар во полуфиналето во Купот на Македонија.

Но напаѓачот имал непријатно искуство по крајот на мечот, бил физички нападнат од две лица при излегувањето од стадионот.

Инцидентот сепак не е поврзан со фудбалот, ниту пак со домаќинот Шкендија и фановите на тетовскиот клуб.

Од полицијата брифираа дека се приведени две лица, Марјан Радески од порано се познавал со едното лице

Во полициска станица биле задржани 34-годишниот Д.Д од Прилеп и 37-годишниот И.А. од Битола, и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ