Нашата селекција се закани преку Александра Марковска и Симона Мејер во првото полувреме, но шансите не беа искористени, по што Јафарзаде ги казни промашувањата и погоди за 1-0 за домаќинот во 28. минута.
Јафарзаде беше стрелец и на вториот гол за Азербејџан, откако во 78. минута по вторпат ја матира македонската одбрана.
Македонија следниот меч го игра против Андора на 7 март во Битола.






