понеделник, 13 април 2026

Фудбалер шегувајќи се со „бомба“ во авион, создаде хаос, сега може да биде избркан од клубот (ВИДЕО)

Несекојдневен и вознемирувачки инцидент се случи во Аргентина непосредно пред полетување на авион од Сан Салвадор кон Буенос Аирес, кога фудбалерот Емилијано Ендризи предизвикал паника меѓу патниците.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат локалните медиуми, дефанзивецот на второлигашот Гимназија одеднаш извикал „бомба“ додека се наоѓал во авионот, а според некои наводи додал и „Сè ќе експлодира“.

Неговите зборови предизвикале паника меѓу патниците и екипажот. Безбедносните служби брзо реагирале, влегле во авионот и го изнеле фудбалерот со лисици. Потоа авионот бил евакуиран, а спроведена била детална безбедносна проверка.

Поради инцидентот дошло до доцнење на повеќе летови, вклучувајќи ги и летовите поврзани со екипата на Гимназија, која патувала на натпревар против Агропекуарија.

Ендризи поради овој настан го пропуштил следниот натпревар на својот тим, во кој Гимназија славеше со 2-1, но исто така и неговата иднина во клубот сега е под голем знак прашалник.

Според достапните информации, управата на клубот разгледува раскин на договорот со играчот. Претседателот на клубот Валтер Моралес порача дека Гимназија не сноси никаква одговорност за инцидентот.

„Се обидуваме да го заштитиме угледот на клубот, бидејќи немаме никаква врска со овој настан. Одговорноста е исклучиво на играчот“, изјави Моралес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ