недела, 7 декември 2025

Фудбалер на Тотнем минал низ пекол, поранешен агент му се заканувал со пиштол

Дестини Удоги е во центарот на вниманието на англиските медиуми откако излезе информацијата дека поранешен агент му се заканувал со пиштол.

Објавено на

часот

Сподели

Според „Сан“, по жестока расправија, поранешниот агент на Удоги извадил пиштол и почнал да му се заканува на младиот фудбалер.

Инцидентот се случил на 6 септември во Лондон, додека 21-годишниот фудбалер се шетал со негов пријател.

Хаосот се случил откако Удоги решил да ја прекине соработката со агентот, а нивната караница преминала во сериозен инцидент кој ја шокираше фудбалската јавност.

„Му даваме целосна поддршка на Удоги од моментот на инцидентот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Не можеме дополнителни детали да откриваме поради активната истрага“, кажа портпаролот на Тотнем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ