вторник, 3 февруари 2026

Фудбалер на Порто имаше „обид за убиство“, удри ривал со копачка во глава (ВИДЕО)

Фудбалерот на Порто Вилиам Гомес направи голема глупост и доби заслужен црвен картон.

Објавено на

часот

Сподели

Крилото кое само што влезе во игра десетина минути претходно удри противник со отворена копачка. Гомес го удри Давид Соуса во лицето, а стоперот на Каса Пиа беше и раскрварен.

Судијата не размислуваше и веднаш му покажа црвен картон на Гомес, додека дефанзивецот продолжи да игра со завој на главата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ