четврток, 25 декември 2025

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ си ја поздрави македонската фамилија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Познато е дека Немања Матиќ има и македонско потекло. Пред неколку години неговиот брат Урош прифати да игра за нашата репрезентација, но поради долгото чекање да добие дозвола од ФИФА се предомисли, му стигна повик и од Србија кој го прифати.
 
Далеку пославниот Матиќ, Немања сега јавно преку видео ги потврди македонските корења, кажа дека неговата мајка потекнува од фамилијата Ристовски од селото Волковија, тетовско. 
 
„Здраво, тука е Немања Матиќ, сакам да ја поздравам цела фамилија Ристовски од село Волковија, Тетово, Македонија. Знам дека направивте една група на фејсбук и дека ги барате сите кои потекнуваат од фамилијата Ристовски од село Волковија. Сакам да знаете дека и јас сум еден од вас бидејќи мојата мајка е Ристовска и нејзините тргнале од селото Волковија. Уште еднаш голем поздрав, се надевам дека ќе имаме можност да се запознаеме и малку да се дружиме. Секое добро и ви праќам поздрав од Манчестер“, вели Немања Матиќ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ