Нехуманиот однос на Зума кон своите мачки скапо го чини. Дефанзивецот на Вест Хем сега сфаќа што направи кога ги шутираше мачките.
Тие веќе не се кај него, Здружението за заштита на животните во Британија информираше дека му ги земале мачките и ги згрижиле.
Вест Хем го кзани со две неделни плати, тоа е вкупна сума од 250.000 евра.
Но тоа не е се, Адидас соопшти дека го раскинува спонзорскиот договор со Зума.
Синоќа доби свирежи од навивачите на Вест Хем и Ватфорд, а слично ќе биде и на останатите стадиони на кои ќе се појави.






