Интер беше дел од 12. клубови кои ја формираа Суперлигата која пропадна за 48 часа откако екипите почнаа да се повлекуваат една по една.
Сега само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона останаа инволвирани и ќе се обидат повторно да го заживеат проектот.
Но на хартија во Суперлигата се 11 од 12. клубови основачи, тоа синоќа го потврди Ањели.
„Суперлигата е колективна работа на 12 клубови, не на една личност. 12 клубови потпишаа договори на 120 страници и тие се уште важат за 11 од тие клубови“, вели Ањели.
Претседателот на Интер не го откри името на клубот, но според италијанските медиуми се работи за Интер.
За разлика од другите 11 клубови, Интер во договорот има клаузула која им овозможува да излезат од проектот доколку немаат поддршка од сите нивни спонзори. Нероазурите ја искористиле таа клаузула и се повлекоа.
Најголемиот дел од останатите тогаш со соопштенија кажаа дека нема да учествуваат во проектот и се извинија на навивачите, но формално правно не се излезени бидејќи ако го направат тоа ќе треба да плаќаат големи пенали.






