среда, 24 декември 2025

Ѕјуба до украинските фудбалери кои го навредуваа: Лесно е да седите во вашите палати во Англија

Објавено на

часот

Сподели

Во поголем пост на инстаграм, Ѕјуба објасни дека е против секоја војна, но и дека е против двојни стандарди потенцирајќи дека секогаш се вели спортот да е надвор од политиката, а сега се делат суспензии за руските спортисти.
 
Тој на крајот му одговори на фудбалерот на Евертон, Виталиј Миколенко кој синоќа го нарече Ѕјуба „молечива курва“.
 
„До неодамна, не сакав да зборувам на темата за случувањата во Украина. Не сакав, не дека се плашам, туку дека не сум експерт за политика, никогаш не навлегов и немав намера (за разлика од голем број политиколози и виролози кои неодамна се појавија на интернет). Но како и сите други, и јас имам сопствено мислење. Бидејќи оваа тема ме влече од сите страни, ќе го кажам што мислам“, вели Ѕјуба.
 
„Јас сум против секоја војна. Но исто така сум и против човечката аграсија и омраза кој секој ден добива некакви трансцендентни размери“.
 
„Јас сум против дискриминација базирана на националност. Не се срамам дека сум Русин. Јас сум горд Русин. И не сфаќам зошто спортистите треба да страдаат сега“.
 
„Јас сум против двојни стандарди. Зошто секогаш сите викаат дека спортот треба да биде надвор од политиката, но во првата прилика кога станува збор за Русија, овој принцип целосно се заборава?“.
 
„Ќе повторам, војната е страшна. Во стресни ситуации луѓето ја покажуваат својата суштина, понекогаш негативна. Колку многу гнев, нечистотија и жолчност сега се излеа врз сите руски луѓе без разлика на нивната позиција и професија. Оние илијадници луѓе што пишуваат навреди и закани – застанете на ред!“.
 
„Двојно почудно е да се слуша ова од луѓе на кои Русија им дала многу, многу во нивните животи. Сето тоа креира само повеќе негативност“.
 
„Војната ќе заврши, но човечките врски ќе останат. И ќе биде невозможно да се обноват. Запомнете го тоа“.
 
„П.С. И до некои колеги кои седат на својот газ во палатите во Англија и кажуваат гадни работи: ова не може да нè навреди, ние разбираме сè! Мир и добрина на сите!“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Artem Dzyuba (@artem.dzyuba)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ