четврток, 25 декември 2025

Жота му донесе победа на Ливерпул против Лестер, Арсенал ги освои трите бода кај Вулвс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул уште не ја губи надежта за титулата во Премиерлигата, иако разликата со Манчестер Сити е голема. Црвените денеска го совладаа Лестер.
 
Двата гола беа дело на Диего Жота. Португалецот погоди во 34. минута за водство од 1-0, а во 87. минута ги постави конечните 2-0.

Интересно беше на мечот меѓу Вулвс и Арсенал каде гостите победија со 1-0.
 
Стрелец на единствениот гол беше Габриел уште во 25. минута од мечот.
 
Во 69. минута Мартинели успеа да добие два жолти картони во иста акција. Прво направи фаул по кој судијата почитуваше предност, а потоа направи уште еден фаул. Судијата за двата старта му покажа по еден жолт и го исклучи.
 
Вулвс беше во страшна офанзива во финишот, но не успеа да дојде до израмнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ