вторник, 7 јануари 2025

Америка ги ублажува санкциите против Сирија по доаѓањето на џихадистичката влада

Соединетите Американски Држави синоќа ублажија некои ограничувања за новата сириска власт, со цел, меѓу другото, да се овозможи достава на хуманитарна помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американското министерство за финансии донесе одлука за изземање од санкциите на шест месеци за да се „поддржи сирискиот народ додека работи на изградба на побезбедна и помирна иднина полна со надеж“, се наведува во соопштението.

Во декември фактичкиот нов лидер на Сирија Ахмед ал Шара, поранешен припадник на Ал каеда, со помош од џихадистичките групи поддржани од Турција и Израел, го урна дотогашниот претседател Башар ал Асад по повеќе од две децении на власт.

Заменик министерот за финансии на САД Вали Адејемо оцени дека крајот на „бриталното и репресивно владеење, со поддршка од Русија и Иран“ на Асад, на Сирија и нејзиниот народ му пружа единствена прилика за обнова.

„За време на овој преоден период министерството за финансии ќе продолжи да го поддржува доставувањето хуманитарна помош и одговорно да управува со Сирија“, порача тој.

Тоа не значи дека санкциите се укинуваат, туку дека ќе биде гарантирано дека тие „неги попречуваат активностите кои ќе овозможат да се задоволат основните човечки потреби, меѓу кои пружањето јавни услуги и доставувањето хуманитарна помош“, објави министерството за финансии на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ