На стадионот „Диего Армандо Марадона“ вечерва се играше големото дерби меѓу два ривали за Скудетото, Наполи и Милан.
Домаќините се надеваа дека на крилјата на својата гласна публика ќе успеа да ги освојат трите бода, но останаа без ништо, Милан победи со 1-0 и се искачи на врвот во Серија А.
Човек на одлука и овојпат беше Оливие Жиру, кој по шут на Калабрија во 49. минута најдобро се снајде во шеснаесетникот на Наполи и постигна гол за водство на Милан од 1-0, што беше и конечен резултат на мечот.
Елиф Елмас овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 67. минута од натпреварот.
Милан е прв со 60 бодови, Интер има 58, но и натпревар помалку, Наполи е трет со 57 бодови, во близина е и Јувентус кој има 53.






