среда, 24 декември 2025

Вороњин во последен момент замина од Москва: На Путин не му е гајле за луѓето

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот украинскиот фудбалер, Андреј Вороњин работеше како помошник тренер во Динамо Москва. Кога Русија реши да ја нападне неговата земја тој со своето семејство замина во Германија каде што го помина најголемиот дел од фудбалската кариера.
 
„Излеговме од Москва пред да биде комплетно блокирана. Но не можевме да слетаме директно во Дизелдорф, па пристигнавме преку Амстердам“, вели Вороњин во интервју за „Билд“
 
„Татко ми, сопругата и децата сите сме тука сега. Малите одеа во германско училиште во Москва. Но училиштето сега не е важно“.
 
„Не ми беше воопшто добро четири дена. Навистина лошо. Кога ги гледам сите фотографии од мојата татковина, кога ги гледам вестите, се ми изгледа како некој нереален филм, хорор филм. Немам зборови“.
 
„Јас и многу други Украинци имаме пријатели во Русија кои се наши пријатели и роднини. И Путин ја нападна нашата земја. Веќе има многу мртви. Tие се деца на своите мајки, и Украинци и Руси“.
 
„Никој во Русија не знае што се случува. Не се покажува таму на ТВ, 90 проценти од луѓето не ни знаат што се случува. На Путин не му е гајле за луѓето. Тоа не не погодува само нас, туку и Русите“.
 
„Моите мисли и моето срце е во Украина. Имам пријатели во Харков, во Киев, во мојот град Одеса. Добивам пораки на секои пет минути. Сакам да помогнам на секој начин, со пари или било како“.
 
„Не знам дали треба да го кажам ова, но доколку бев во Украина сега, веројатно и јас ќе земев пушка во рака“.
 
Динамо Москва преку кратко соопштение само кажа дека е раскинат договорот со Вороњин на взаемна согласност.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ