петок, 26 декември 2025

Во страшна сообраќајна несреќа почина дефанзивец на Коњаспор (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската јавност во Турција тагува, утрово животот го загуби 27 годишниот Ахмет Чалик, кој ги бранеше боите на Коњаспор.

Станува збор за страшна сообраќајна несреќа, како што пренесуваат медиумите, дефанзивецот загубил контрола, автомбилот излетал од патот и се превртел неколку пати. И покрај напорите на лекарите да го спасат, најлошите вести биле потврдени околу 9 часот.

Ахмет Чалик е продукт на школата на Генчлербирлиги, во 2017 направи трансфер го Галатасарај, а откако не се снајде во великанот, се пресели во Коњаспор, каде се промовираше во еден од подобрите дефанзивци во првенството на Турција.

Во дресот на репрезентацијата има одигрно осум натпревари, последен пат добил повик за Турција во 2018 година, а има настапувано и за сите помлади селекции на својата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ