Ниту судиите не му помогнаа на Тотнем да го победи Саутемптон, гостите одиграа маестрален меч и заслужено ги освоија трите бода.
Тотнем го отвори резултатот, поведе со автогол на Беднарек во 18. минута, но само пет минути подоцна Броја го изедначи резултатот на 1-1.
Во 70. минута беше направен очигледен прекршок врз Броја, но судијата не досуди фаул а во продолжение од акцијата Сон реализираше за водство на Тотнем од 2-1. Зачудувачка беше одлуката на судијата да не свирне фаул.
Но, правдата беше задоволена. Во 79. минута Елионуси израмни на 2-2, а три минути подоцна Адамс погоди за комплетен пресврт и победа на Саутемптон од 3-2.
Во судиското продолжение Бергвајн даде гол за израмнување, но ВАР му го поништи поради офсајд.
Манчестер Сити дојде до очекувана победа против Брентфорд, тимот на Пеп Гвардиола славеше со 2-0.
Головите ги постигнаа Махрез во 40. минута и Де Брујне во 69. минута.
Без победник, 1-1 заврши натпреварот меѓу Норич и Кристал Палас. Пуки и Заха беа стрелци на головите.






