петок, 26 декември 2025

Во Бергамо заврши победничката серија на Интер

Објавено на

часот

Сподели

По осум победи по ред во Серија А, заврши низата на Интер откако не успеаа да дојдат до трите бода од гостувањето кај Аталанта.
 
На натпреварот немаше голови, но имаше многу шанси и на двете страни.
 
Во првиот дел Џеко и Санчез пропуштија шанси за Интер, Пашалиќ не успеа да погоди од убава позиција за Аталанта.
 
Во второто полувреме Песина, Муриел и Пашалиќ промашија големи шанси за Аталанта, Хандановиќ одлично бранеше.
 
Интер можеше да даде гол преку Џеко и Д’Амброзио, но и двајцата не го погодија голот на Аталанта.
 
По 21 одигран натпревар Интер е на врвот со два бода повеќе од Милан.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ