Душан Влаховиќ попладнево се појави пред новинарите, Јувентус го промовираше Србинот по рекордниот трансфер од 80 милиони евра.
„Горд сум што потпишав за славен клуб како Јувентус. Подготвен сум да го дадам најдоброто од мене за да му помогнам на тимот да стигне до посакуваните резултати. Сакам да му се заблагодарам на претседателот и сите луѓе кои се погрижија да пристигнам тука“ – рече Душан Влаховиќ.
Интерес за услугите на напаѓачот пројавија неколку клубови од Премиерлигата, но тој во мислите имаше само преселба во Торино.
„Имаше многу гласови за клубови од странсто, но изборот беше лесен, јас и Јувентус имаме слична ДНК, сакаме да победуваме и никогаш не се откажуваме, одиме до крај.“
Тој го доби дресот со број 7, кој претходно му припаѓаше на Кристијано Роналдо.
„Бројот 7 не ми значи ништо, Сите броеви во Јувентус имаат своја тежина. Го одбрав бидејќи е најблуску до „9-ката“. Тука сум за да помогнам клубот да ги оствари зацртаните цели. Не е важен бројот на дресот, важно е што ќе прикажам на теренот, со каква одлучност и посветеност ќе играм. Другото не ме интересира. Најважно е да се победува“.
Се говори дека тој ќе се смести во вилата во која живееше Роналдо во Торино.
„Во потрага сум на дом, но нема да се вселам во вилата на Роналдо. Не сакам да размислувам на вакви работи кои не се поврзани со фудбалот. Сакам само да играм и да бележем напредок“.






