Висар Муслиу е среќен што ќе игра во Германија.
„Многу сум среќен што потпишав за Инглоштад. Нешто посебно е да се игра во Германија. Првите импресии од клупот и од разговорите со одговорните се многу позитивни. Сега ќе го научам тимот и ќе дадам се од себе за на најдобар начин да ги исполниме предизвиците“, вели Муслиу.
Инглоштад се наоѓа на последното место во втората Бундеслига со освоени десет бода од 13 натпревари, тие ќе имаат тешка задача да опстанат во лигата.






