недела, 21 декември 2025

Вимблдон ги суспендира тенисерите од Русија и Белорусија, Кремљ испрати жесток одговор

Објавено на

часот

Сподели

Иако се уште нема официјална информација, голем број на медиуми објавија дека Вимблдон денел одлука да ги суспендира сите тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија. 

Поради војната во Украина, тенисерите и тенисерките од овие две земји на турнирите учествуваа без национални обележја, но Вимблдон реши да оди чекор понапред и да се повика на своето дискреционo право за тоа кој може, а кој не може да настапи. 

Тоа значи дека третиот грен слем во годината ќе биде посиромашен за вториот носител во машка конкуренција, Димитар Медведев и четвртата носителка во женска конкуренција, Арина Сабаленка. 

Вимблдон последен пат суспендираше тенисери и тенисерки по Втората светска војна, кога им беше забранет настап на спортисти од Германија и Јапонија. 

Од Кремљ веднаш стигна жесток одговор, портпаролот на руската влада, Дмитриј Песков рече: „Неприфатливо е руските спортисти да бидат заложници на политички предрасуди, политички интриги и непријателски акции кон нашата земја“. 

„Со оглед на тоа дека Русија е силна во тенис, нашите тенисери се први врвот на светските ранг-листи, самото натпреварување ќе добие силен удар поради оваа одлука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ