Патрик Виеира е легенда на Арсенал, но Французинот вечерва му направи услуга на лутиот ривал Тотнем откако Кристал Палас ги надигра „топчиите“ и ги совлада со 3-0.
Матета го отовори резултатот во 16. минута, а Ају во 24. минута најави дека Арсенал нема што да бара вечерва на „Селхрст Парк“.
Вилфред Заха со гол од пенал во 74. минута ги реши сите дилеми околу победникот и го постави конечниот резултат.
По овој пораз, Арсенал остана надвор од топ четири, „топчиите“ имаат ист број на бодовои со Тотнем, но и натпревар помалку. Вест Хем и Манчестер јунајтед ќе чекаат шанса од позадина и ќе се надеваат на последното место кое води во Лигата на шампиони.






