понеделник, 22 декември 2025

Верати кон навивачите на Италија: Престанете да нè навредувате, и ние сме луѓе како вас

Објавено на

часот

Сподели

Никој во Италија не го очекуваше поразот Македонија. Тие се актуелен Европски шампион и тоа што им се случи во Палермо е срамно за нив.
 
Верати нервозно им се обрати на навивачите кои ги навредуваат фудбалерите во изминатите денови.
 
„Лесно е да се заблагодарите кога победувате. Но сега сакам да се заблагодарам на целиот персонал, на играчите, на сите кои работат со голем ентузијазам и страст за репрезентацијата. За жал во фудбалот не се остваруваат секогаш очекувањата, целите и соништата“, вели Верати и продолжи:
 
„Навредите секако не се најдобриот начин да се справиме со ова што ни се случува, секој од нас го даде максимумот за да победиме, а доколку сакате да нè навредувате, треба да знаете дека и ние сме луѓе како вас, обични луѓе кои имаат емоции, затоа престанете со омраза и закани“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ