четврток, 25 декември 2025

Уште еден фудбалер го обвини Ралф Рангник дека лаже

Објавено на

часот

Сподели

Уште еден фудбалер го обвини Ралф Рангник дека лаже. Минатиот месец, тренерот на Манчестер јунајтед изјави дека Антони Марсијал одбил да игра против Астон Вила, но Французинот веднаш се огласи на социјалните мрежи.

„Никогаш нема да одбијам да играм за Манчестер јунајтед. Тука сум 7 години и никогаш не сум покажал непочитување, ниту пак ќе покажам непочитување кон клубот и навивачите“ – порача Антони Марсијал, кој подоцна го напушти Олд Трафорд и се пресели на позајмица во Севиља.

Сега со слични обвинувања излезе и Џеси Лингард. Англичанецот нема да игра против Мидлзбро, а Ралф Рангник рече дека играчот побарал слободни денови за да ја „разбистри “ главата откако клубот не му дозволил да направи трансфер во последниот ден од преодниот рок.

„Клубот ме советуваше да одморам поради лични причини! Но мојата глава е чиста, секогаш ќе бидам професиоанлец кога ќе бидам повикан за настап и ќе дадам 100%“ – напиша Џеси Лингард на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ