среда, 24 декември 2025

Украински фудбалер: Не знам да пукам но подготвен сум да одам во првите борбени редови

Објавено на

часот

Сподели

Русија синоќа започна воена интервенција и нападна неколку градови во Украина, па ова е топ тема и во светот на спортот и фудбалот. Сите се загрижени, и постојано пристигнуваат барања војната да запре.

24 годишниот Васил Кравец, кој игра на позајмица во Спортинг Хихон, дури вели дека е подготвен да оди во првите борбени редови и да помогне на своите сонародници.

„Убиваат луѓе, цивили, во болници… Путин е виновен за ова. Не сакам да кажам дека Русија е виновна, виновен е Путин. Ние сме земја која сака да живее во мир. Не сакаме да напаѓаме никого, сакаме да живееме добро и спокојно“ – вели Васил Кравец.

„Ќе ви ја кажам вистината, подготвен сум да одам во војна и да им помогнам на моите луѓе. Но не можам да помогнам бидејќи не знам да пукам, не знам како да се движам, не знам да репетирам пушка… Доколку треба, подготвен сум да одам во првите борбени редови и да ја бранам територијата на нашата земја. Тоа е обврска на секој Украинец“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ