среда, 24 декември 2025

Украина сака да го одложи бараж мечот за пласман на СП

Објавено на

часот

Сподели

Поради војната која се одвива во нивната земја, на Украинците не им е до фудбал. Украина побара од УЕФА да им го одложи мечот со Шкотска.
 
„Како да играме фудбал и да се подготвуваме за овие важни натпревари кога со пушки ја браниме државата“, велат од Украина.
 
УЕФА се уште нема донесено одлука дали ќе го прифати барањето.
 
Проблем е што ако се одложи мечот на Украина, ќе треба да се одложи и финалниот бараж од таа група. Во другото полуфинале играат Велс и Австрија.
 
Но со оглед на тоа што Светското првенство се игра подоцна од вообичаеното, можно е УЕФА да го прифати барањето и овие мечеви да се играат понатаму.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ