На итниот состанок на извршниот комитет на УЕФА, кој беше закажан по почетокот на војната во Украина, беа донесени неколку одлуки поврзани со Русија.
Најголемата е дека финалето од Лигата на шампионите нема да се игра во Санкт Петербург, како што беше планирано, туку ќе се одржи на „Стад де Франс“ во Париз.
Спартак Москва нема да биде домаќин во Москва на мечот од Лига Европа, кој треба да го игра.
УЕФА не го спомена Газпром, кој е еден од главните спонзори на настаните што ги организира Европската куќа на фудбалот.
За разлика од нив, Шалке синоќа веднаш донесе одлука да го отстрани Газпром од своите дресови.






