четврток, 25 декември 2025

УЕФА засега не планира на Русија да ѝ го одземе финалето во Лигата на шампионите

Објавено на

часот

Сподели

УЕФА не планира да го премести финалето во Лигата на шампионите и покрај заканите за војна меѓу Русија и Украина.
 
Рускиот претседател, Владимир Путин синоќа потпиша одлука за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави и ѝ нареди на руската војска да го обезбедуваат мирот во двата региони во источна украина.
 
САД, Велика Британија и државите од ЕУ разгледуваат можности за одредени санкции кон Русија, но нема знаци дека Путин ќе отстапи.
 
Финалето од Лигата на шампионите во фудбал треба да се игра на стадионот Крестовски во рускиот град Санкт Петербург на 28. мај.
 
УЕФА инсистира дека во моментов не разгледува можност за преместување на финалето и Русија останува домаќин.
 
„УЕФА постојано и внимателно ја следи ситуацијата. Засега нема планови за промена на местото на одржување на финалето“, се вели во соопштението на УЕФА.
 
Но доколку ситуацијата се влоши, а предвидувањата се такви, можно е УЕФА да нема друг избор освен да го премести финалето од Лигата на шампионите. Вембли е еден од кандидатите за организација.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ