Американската компанија „Топс“ го презема бизнисот со фудбалски сликички за Европското фудбалско првенство, тие склучија договор со УЕФА за ЕВРО 2024 и 2028. Ќе имаат албум и за Лигата на нации, но и за Европското првенство за жени во 2025.
Првиот албум на „Панини“ со сликички од фудбалери почна од далечната 1970 година за СП во Италија, а осум години подоцна албумот за СП во Германија излезе ширум светот. Отогаш почна традицијата на масовно собирање на сликички.
Засега „Топс“ ги презема само Европските првенства, па Мундијалите се уште ќе ги работи „Панини“.
Едно од првите заштитни лица на „Топс“ стана Жозе Мурињо, а веќе излезе и првата реклама:
[video:https://www.youtube.com/watch?v=VthfqEEekrY autoplay:0]





