сабота, 20 декември 2025

УЕФА определи каде ќе се играат финалињата во ЛШ и ЛЕ идната сезона

Објавено на

часот

Сподели

Откако УЕФА објави дека Прага ќе биде домаќин на финалето од Конференциската лига, Европската куќа на фудбалот ги определи и домаќините на финалните натпревари од Лигата на шампионите и Лига Европа.
 
Истанбул ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите, финалето ќе се игра на стадионот „Ататурк“.
 
Истанбул требаше да биде домаќин и на финалето во 2020, но тогаш поради ковид-19 се играше во Лисабон, а на турската метропола и беше доделено финалето во 2021, но и тогаш поради ситуацијата со ковид, финалето се играше во Порто.
 
Сега УЕФА прави нов, трет обид за финалето да се одигра во Истанбул.
 
Финалето во Лига Европа ќе се игра во Будимпешта на арената „Пушкаш“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ